Утрински Весник
Свет

Францускиот парламент изгласа во Уставот да се вклучи гарантираната слобода на абортус

Parlament Francija.webp.webp

Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со огромно мнозинство гласови во прво читање ја прифати владината реформа, чија цел е да се вметне во Уставот „гарантираната слобода“ на жените да ја прекинат бременоста.

Одлуката беше поддржана од 493 пратеници, додека 30 беа против. Министерот за правда Ерик Дупонд-Морети изјави дека сега е ред на францускиот Сенат да го усвои текстот.

За измената на Уставот да стапи на сила Сенатот, во кој доминираат десницата и центарот, треба да го усвои текстот таков каков што е, без измени, иако има несогласувања на мнозинската десница за некои формулации од реформата.

На 8 март 2023 година, претседателот Емануел Макрон вети дека ќе го вклучи правото на абортус во Уставот, одговарајќи на загриженоста за укинувањето на загарантираното право на абортус во САД.

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел