Утрински Весник
Свет

Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“

20240726084657 Big 730x400 40.webp.webp

Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“, меѓу кои и предизвикан пожар – и поради тоа е нарушено одвивањето на транспортниот систем, соопшти утрово железничкиот оператор SNCF.

Соопштението е објавено само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз. „Ова е напад со големи размери за да се парализира мрежата Те-Же-Ве (TGV)“, соопштија од SNCF. Според нив, многу рути ќе мора да бидат откажани и ситуацијата ќе трае „барем цел викенд додека се вршат поправките“.

Можете да прочитате

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота