Утрински Весник
Свет

Франција сака да го забрани извозот на користена облека од ЕУ: „Африка не е ѓубриште“

6000.webp.webp

Франција предлага да се воведе забрана за извоз на користена облека во Европската унија бидејќи предизвикува загадување во земјите увозници, потврди денеска Министерството за заштита на животната средина, во време кога европските влади се обидуваат да најдат решение за растечкиот проблем со текстилниот отпад.

Податоците на ОН покажуваат дека извозот на користен текстил од ЕУ во 2022 година достигна 1,4 милиони метрички тони, што е повеќе од двојно во споредба со 2000 година.

Искористената облека може да предизвика загадување во африканските земји, каде стоката што не може да се препродаде завршува на депониите.

Европската комисија наведува дека ЕУ годишно произведува 5,2 милиони тони отпад од облека и обувки.

Предлогот на Франција е поддржан од Шведска и Данска, а за него ќе се расправа на состанокот на Советот за животна средина во Брисел на 25 март. Франција е многу критична кон т.н брза мода и прекумерен консумеризам.

„Африка повеќе не може да биде корпа за ѓубре за брза мода. Мораме да го намалиме отпадот и да управуваме со сопствениот отпад“, соопшти француското министерство.

Можете да прочитате

Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик

Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп

Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор