Утрински Весник
Свет

Франција испраќа хаубици „Цезар“ во Украина

20240327115113 Big 730x400 16.webp.webp

Франција наскоро ќе може да испорача 78 хаубици „Цезар“ во Украина, со што ќе ја зголеми понудата на гранати за да ја задоволи итната потреба на Украина од муниција во борбата против руската инвазија, пренесе Бета.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека е постигнат договор меѓу Франција, Украина и Данска за финансирање на самоодните хаубици „Цезар“ од 155 мм, што ќе и овозможи на Франција „брзо да ги испорача“, пренесоа американските медиуми.

Според веб-страницата на француското Министерство за одбрана, хаубицата „Цезар“ се карактеризира со напредни технички карактеристики: има голема способност за брзо и често движење; способна е да погоди цел оддалечен 40 километри со одлична точност; има полуавтоматски систем за полнење муниција.

-Франција, исто така, си постави цел годинава на Украина да и испорача и 80.000 топовски гранати за хаубици од 155 милиметри, покрај оние 30.000 испорачани од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година, соопшти првиот човек на француското Министрство за одбрана.

Според него, Франција учествува во напорите да се идентификуваат достапните залихи на барут и муниција што би можеле да се купат од земји надвор од Европската унија, што е план инициран од Чешка како дел од понатамошната поддршка на Украина.

Според овој план, Чесите се обидуваат да ја олеснат набавката на 800.000 артилериски гранати за Украина.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење