Утрински Весник
Свет

Франција го поддржа МКС во врска со повикот за налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас

20240521082850 Big 730x400 51.webp.webp

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата „борба против неказнивоста“, во врска со повикот на обвинителот на МКС за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас.

„Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, се вели во соопштението.

Се додава осуда на „антисемитските масакри“ на милитантната група Хамас на 7 октомври, како и можните прекршувања на меѓународното право од страна на израелската армија во Газа.

„Што се однесува до Израел, предистражниот совет ќе одлучи дали ќе ги издаде тие налози, откако ќе ги испита доказите доставени од обвинителот“, се вели во соопштението.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан во понеделникот побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за „поттикнување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“.

Налози за апсење се побарани и за лидерите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије за истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуални напади.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена