Утрински Весник
Македонија

(Фото/Видео) Скопјанецот Сашо Серафимовски пеш оди кон Рилскиот манастир

Viber Image 2025 03 26 20 25 48 643.jpg

Сашо Серафимовски од Скопје пеш оди кон Рилскиот манастир во соседна Бугарија.

Тој своето патување го започна на 26 март, а се очекува денеска по 12 часот напладне да пристигне во светите простории на планината Рила во Бугарија.


Утрово, Серафимовски се наоаѓа на 35 километри од манастирот а со него во придружба е и комбе, за итни ситуации.

„Овие ходочасни патувања не се едноставни. Сите можеме да пешачиме десеттици колиметри, но треба да бидеме спремни. Пред ова патување, јас во Скопје минував по 50 по 60 километри дневно, колку само да стекнам кондиција и за да може да се научи организмот и телото“ вели тој во видео обраќање.

По Рилскиот манастир, Серафимовски во следните неколку месеци пеш ќе се упати и ќе ги посети манастирите Тумане, во Србјија, Острог во Црна Гора, а ќе испешачи и до Света Гора.

Редакцијата на 24инфо на Серафимовки му посакува лесно и безбедно патување до крајната дестинација.

Можете да прочитате

Перински: Сирера системот е основа за ефикасност и транспарентност во спроведувањето на политиката за рамномерен развој

До сабота (5 април) релативно топло со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Неколку села во Македонска Каменица ќе останат без струја, бил оштетен далеководот при сечење на дрва