Утрински Весник
Скопје

Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

20250327165417 Big 730x400 28.webp.webp

Во основното училиште „Киро Глигоров“ денеска во 11 часот ќе се одржи настан насловен „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика.

Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар во рамки на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата.


Покрај ОУ „Киро Глигоров“, учествуваат и останатите основни училишта во општина Центар: „Димитар Миладинов“, „Кочо Рацин“, „Koле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и  „Св. Кирил и Методиј“. 

Настанот официјално ќе го отворат амбасадорот на Франција, Кристоф ле Риголер, и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Можете да прочитате

По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје