Утрински Весник
Македонија

(Фото) Началникот на СВР Скопје учествувал во сообраќајна несреќа

A5440702 177d 4ecd 8f9e 7f85c2e644f2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, утрово во центарот на Скопје учествувал во сообраќајна несреќа, информираа од полицијата.

„На 04.03.2024 година во 09.15 часот на 192 од страна на Сашо Топаловски, Началник на СВР Скопје, пријавена е сообраќајна незгода, односно истиот додека бил со службено возило марка Волксваген Поло рег.бр. SK 3291 BL, на бул.11-ти Октомври во близина на УЈП, застанат на пешачки премин, бил удрен од мопед марка ЈИЈИНГ со рег.бр. SK 1781 BI, управуван од страна на Јакуп Бенхур роден 16.05.1960 година од ул.Овчеполска бр.12, Скопје. Од сообраќајната незгода нема повредени. Известени ОБПС и ОУСН“ се вели во информацијата на МВР.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје