Утрински Весник
Македонија

(Фото) Граѓаните на Велес му нудат тракторче на градоначалникот за 45.000 евра

IMG

Велешани со герила акција утрово испратија порака до градоначалникот Марко Колев.

Имено, пред пазарот во Велес беше поставена мала машина на која беше истакната цена од 45.000 евра, но како што велат „продавачите“ таа цена се однесува само за градоначалници.

На овој начин граѓани од Велес реагираат на јавната набавка на општината која купила машина за бележење хоризонтална сообраќајна сигнализација по цена од 42.000 евра, односно три пати поскапо од иста таква машина што општина Центар ја набавила за 13.000 евра, или речиси три пати поевтино.

Набавки на вакви машини по значително повисоки цени има и во други општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, а утрово владејачката СДСМ ги повика надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат, во врска со таквите набавки, кои според нив, се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Можете да прочитате

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“