Утрински Весник
Македонија

„Форд“ излетал од патот во Битолско, повредени две лица

„Форд“ излетал од патот во Битолско, повредени две лица

Вчера во 15.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, кај место викано „Шуклов мост“, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(66) од Битола, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Можете да прочитате

Определен 48часовен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација

Ризвановиќ: Потребно е да се свика Советот за безбедност по предупредувањето на Мицкоски за подметнувања на пожари