Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

20250327110717 Big 730x400 19.webp.webp

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која учествува на самитот на „коалицијата на подготвените“ во Париз, изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.

– Зајакнување на Украина за да може да се одбрани е почетната точка. Ни треба и заеднички, долгорочен план, напиша таа на Х.


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп

Можете да прочитате

Првиот лет на електрично летачко такси е завршен – Наскоро ќе лета над Дубаи

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак