Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Ударните бранови од војната на Путин стигнаа и до Западен Балкан

Фон дер Лајен: Ударните бранови од војната на Путин стигнаа и до Западен Балкан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на форумот „ГЛОБСЕК“ во Братислава, ја коментираше ситуацијата на Балканот.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор посветен на Западен Балкан, таа изјави дека „неодамнешните тензии“ се загрижувачки.

„Неодамнешните тензии секако се загрижувачки. Ги повикувам сите страни да се оградат од конфронтацијата и да преземат мерки за враќање на смиреноста“, изјави Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија не прецизираше на кои тензии се однесуваат ваквите зборови.

Во нејзиниот говор, кој најмногу беше посветен на конфликтот во Украина, таа рече дека „шокантните бранови што ги испрати Путиновата војна допреа и до нашите шест партнери од Западен Балкан“.

„ Но, тоа само не зближи“, додаде таа и посочи дека ЕУ ги прошири и на Западен Балкан истите мерки за солидарност што ги презеде во рамките на Унијата.

„Ги поддржавме ранливите домаќинства со високи трошоци за енергија. Градиме нова инфраструктура за да ја намалиме зависноста на Западен Балкан од руските фосилни горива. И оваа практична соработка оди паралелно со напредокот на патот кон ЕУ“, истакна Фон дер Лајен.

Можете да прочитате

СБУ разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје

Заврши Парадата на победата во Москва: Првпат претставено ново оружје