Утрински Весник
Македонија

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија
300x250 (7)

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци во Софија.

dobivaj vesti na viber

„Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергијата“, напиша Фон дер Лајен на профил на „Твитер“.

300x250 (7)

Фон дер Лајден денеска оствари трилатерална средба со претседателите на Македонија и на Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.

На средбата, меѓудругото, стана збор и за можноста Македонија да набавува струја од Бугарија, по што Пендаровски изјави дека има подготвеност од бугарска страна да помогне во снабдувањето со електрична енергија, низ компензациските, односно таканаречените солидарни фондови.

Денес во Софија во употреба беше пуштен гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија.

Ss1

Можете да прочитате

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да сноси одговорност

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом