Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Ќе предложиме ограничување на цената на рускиот гас

Фон дер Лајен: Ќе предложиме ограничување на цената на рускиот гас

Европската комисија ќе предложи ограничување на цената на рускиот гас, заедно со мерки кои вклучуваат задолжително намалување на потрошувачката на електрична енергија на територијата на земјите од ЕУ, изјави денеска претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

dobivaj vesti na viber

„Ќе предложиме воведување ценовни ограничувања на рускиот гас. Мораме да ги намалиме руските приходи кои Путин ги користи за злосторства во војната во Украина“ – рече Фон дер Лајен, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Пожар во складиште за гориво во Абу Даби

Нетанјаху го посети градот Беит Шемеш кој беше погоден од иранска ракета

Путин предупреди дека нападите врз Иран би можеле да прераснат во поширок регионален конфлик