Утрински Весник
Спорт

ФК Замалек ги казни играчите и истапи од Премиер лигата на Египет

ФК Замалек ги казни играчите и истапи од Премиер лигата на Египет

Мортада Мансур, претседателот на еден од најпопуларните клубови во Египет, Замалек, по мечот Ел Дакли (1:1), донесе одлука овој клуб да се повлече од нациоаналниот шампионат.

dobivaj vesti na viber

„Одлучивме дека повеќе не сакаме да учествуваме во оваа фарса предводена од ЕФА и судиите, кои ги фаворизираат нашите противници и му ја даваат титулата на нашиот ривал“, рече Мансур.

Покрај тоа, тој реши да ги казни играчите.

„Секој играч ќе биде казнет со 20 отсто од платата. Дополнително, решивме да суспендираме двајца фудбалери од нашиот тим. Тоа се Ахмед Фатух и Абдала Гомаи и тие ќе бидат ставени на трансфер листата“, заклучи Мансур.

По дванаесет одиграни натпревари во локалниот шампионат, Замалек е на второто место со пет бода помалку од Ал Ахли.

Имено, Ал Ахли се уште е непоразен оваа сезона, а се наоѓа на првата позиција на табелата со триесет освоени бодови. Замалек има учинок од седум победи, четири нерешени и еден пораз.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина