Утрински Весник
Спорт

ФК Вардар има нов сопственик – Атила Бижен Жалили

237848 Vardar Nemokjen Protiv Struga Rabotnichki E Nov Lider Vo Prvata Liga 2x.jpg

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави денеска промена во сопственичката структура.

Во штуро соопштение објавено на социјалната мрежа Икс се наведува дека нов сопственик на Вардар е Атила Бижен Жалили, во чија сопственост преоѓаат 85 отсто од акциите на клубот.

„Од 07.10.2024-та, по претходно потпишан договор, заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили преземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото“, соопшти Вардар.

Во клупското соопштение се додава дела со промената на сопственичката структура „следува финансиска, организациска и резултатска консолидација на ФК Вардар“.

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали