Сезоната во Србија започна со спектакуларен натпревар меѓу ТСЦ и Партизан (3:3). Сепак, „црно-белите“ по натпреварот го обвинија судијата Милан Митиќ дека намерно ги оштетил.
„Во Бачка Топола игравме против два противника, одличната екипа на ТСЦ, но и главниот судија Милан Митиќ, очигледно човек од задача кој со игнорантско, тенденциозно и предавничко делење на (не)правдата директно влијаеше на финалниот резултат на натпреварот кој со право беше во очите на јавноста и го доби епитетот дерби.
Митиќ и неговата свита од ВАР собата од првиот момент донесоа одлуки на штета на нашиот клуб, враќајќи го српскиот фудбал во деведесеттите, во фудбалско беззаконие, кога резултатите и пласманот се одлучуваа во затемнети канцеларии, кога наредбите беа „стимулирани“ со тајни пликови.
Митиќ го ограби Партизан досудувајќи непостоечки пенали, поништувајќи регуларни голови, глумејќи слеп пред очигледни корнери, не почитувајќи ги временските рамки на играта, со што му нанесе огромна штета на нашиот клуб“, се вели во реакцијата на ФК Партизан.