Утрински Весник
Македонија

Фирми и управители затајувале данок – набавиле стоки, не платиле на државата и го оштетиле буџетот за 295 илјади евра

Фирми и управители затајувале данок – набавиле стоки, не платиле на државата и го оштетиле буџетот за 295 илјади евра

Финансиската полиција до Обвинителството поднесе три кривични пријави за трговци со прехранбени производи  поради даночно затајување.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за пријави против три физички и три фирми кои свесно од 1 јануари до 25 април, значителен дел од набавената трговска стока евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок.

Притоа, тие не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 отсто во износ од 5.636.379 денари и Данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари, информираат од Финансиската полиција.

Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 18.161.097 денари.

Проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна