Утрински Весник
Македонија

Финансиската полиција ја проверува Торакална – Претходното раководство оставило долг од 4,6 милиони евра

Torakalna 960x526 1.jpg

– Управата за финансиска полиција проверува документација во врска со јавните набавки од 2017 до 2024 година поради големиот долг од 4,6 милиони евра на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија – изјавија за Телма извори од Торакална.

Тоа го потврдуваат и податоците на Министерството за финансии според кои, најзадолжена е Клиниката за радиотерапија и онкологија со над 12 милиони евра, а на второто место е токму Клиниката за торакална и васкуларна хирургија со долг од 4 милиони и 650 илјади евра.


Инаку, додека директор беше Јакупи во 2020 година на клиниката беше отворена и нова операциона сала, најавена како сала според највисоки светски стандарди и со најсовремена опрема. Но, четири години подоцна, според сознанијата на Телма, салата никогаш не била ставена во употреба.

На отворањето за првпат по 30 години, откако е реконструиран хирушкиот блок на клиниката, беа присутни и Оливер Спасовски кој тогаш беше технички премиер, како и министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот Садула Дураку, министерот Бујар Османи и директорите на ФЗОМ и на клиниките.

На сајтот на јавни набавки може да се најдат неколку тендери за опрема и реновирање на операциона сала. Во април годинава Јакупи потпишал тендери за градежно занаетчиски, машински и електро работи со три фирми во износ од над 61.000 евра. Во 2020 година биле потпишани, исто така, три тендери во вредност од речиси 172.000 евра за термотехнички инсталации, мебел и светло за операциона сала.

Можете да прочитате

Работници од 40 компании досега пријавиле неправилности во исплатата на К-15

Пукале кон македонски полицајци, па побегнале кон Албанија

Давкова прими новинарска делегација од Турција