Утрински Весник
Македонија

Финансиска полиција упадна на Кардиохирургија, плати на лекари била до 250.000 денари!?

Klinika za kardiologija i kardiohirurgija 3 bg resize.jpg

Финансиската полиција минатата недела и вчера спроведе контрола на Клиниката за кардиохирургија по анонимна пријава за сериозни злоупотреби. „Слободен печат“ имаше увид во пријавата пристигната во август, во која се тврди дека клиниката две години наназад користела медицински материјали земени „на заем“ наместо набавени на тендер, што не можело да се евидентира во трошоците кон пациентите.

Поради тоа, во годишните пописи се појавиле големи несовпаѓања – кусоци и вишоци што, според пријавителот, вештачки го менувале буџетот. Пописот за 2024 година, кој сè уште не е коригиран, покажува вишок од околу 60 милиони денари.

Во пријавата се споменуваат и екстремно високи плати кај поединечни доктори – над 250.000 денари месечно – како и неправилности во распоредите и електронската евиденција на присуство. Наводно, награди биле добивалe само избрани медицински сестри.

Директорот на клиниката, д-р Дејан Димитровски, потврди дека документацијата за периодот 2022–2025 е дадена на увид и побарал контролата да се прошири и на годините од 2015 наваму „за целосна транспарентност“.

Од Финансиската полиција нема одговор.

Клиниката дополнително се соочува и со недостиг на анестезиолози, а јавноста ја следи и истрагата на Министерството за здравство за можни операции на срце без медицинска потреба, од кои 10 од 19 според првичните наоди немале индикација.

Можете да прочитате

Автобус прегази 81-годишна жена на Партизанска

Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик за Левица повторно да остане без медиумски простор

Кривична за жена од гостиварско, објавувала фотографии и навреди за сопругата на нејзиниот екс партнер