Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Неопходен е план со мерки за справување со економските последици од коронавирусот што е обезбеди разумно балансирање помеѓу ликвидносната поддршка накомпаниите и граѓаните од една страна и капацитетот на државниот буџет од друга страна апелира Finance Think во Бриф за политиките за справување со економските ефекти од Ковид-19. Порачуваат мерките да се димензионираат во сетови.
Предлагаат одложување на плаќање на ДДВ во период додека постои намалена економска активност и нарушена ликвидност, која е веќе воведена во Данска, Грција, Италија, Шпанија, суспендирање на аконтациите за данок на добивка во период од најмалку три месеци, одложено плаќање на социјални придонеси во период до три месеци, за директно погодените сектори, првенствено трговијата, транспортот и хотелиерството и со посебен фокус на мали и средни претпријатија. Вакви мерки како то наведуваат имаат воведено Франција, Грција , Велика Британија.
Предлагаат финансиска поддршка за компаниите, преземање на надоместокот за принудно
отсуство од работа, обезбедување кредити без камата или со многу ниска каматна стапка за одржување на тековната ликвидност поради нарушено производство или поради моментална потешкотија да се покријат разликите во цената на инпутите. Мерки од оваа група, како што стои во бриф политиката, имаат воведено Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Данска.
Finance Think предлага редуцирање на парафискалните давачки во секторите трговија, транспорт и хотелиерство за најмалку 50 отсто во период од 12 месеци.
За заштита на животниот стандард на населението наведува дека треба да се направи плафонирање на цените на основните прехранбени производи, во случај зголемената побарувачка да влијае врз нивен забрзан пораст, продолжување на роковите за отплата на кредити на граѓани кои се соочуваат (ќе се соочат) со (времено) губење на работата, за период до шест месеци, суспендирање на затезната (казнена) камата за измирување на обврските од страна на граѓаните по кој било основ (отплата на кредити, измирување обврски за комуналии) најмногу до девет месеци по нивното доспевање.
Во втората група даночни намалувања сметаат дека треба да се направи намалување ДДВ за увоз на наменски производи како медицински средства и опрема, средства за дезинфекција и
слично, времено намалени директни даноци за мали и средни компании, компании кои се лоцирани во „црвени“ зони, и компании кои имаат сериозно нарушена ликвидност и се соочуваат со ризик од затворање.
Потоа релаксирање на условите за стекнување надомест во случај на невработеност преку редизајн на моменталното решение според кое, како што наведуваат, овие средства се оскудни.
Порачуваат дека оваа група мерки треба да се примени само по исцрпување на ефектите
од првата група и во услови на понатамошни сериозни нарушувања на ликвидноста
во економијата, се` со цел да не се наруши и приходната страна на буџетот.
Од Finance Think наведуваат дека паралелно со контингентниот план на мерки, а заради
балансирање помеѓу ликвидносните потреби на економијата и капацитетот на државниот буџет,
Министерството за финансии да подготви план за расположливост на средства, и тоа: пресметка на моменталната ликвидност, вклучително и резервите на ликвидност кај јавните претпријатија, замрзнување на сите непродуктивни трошења (набавки на мебел, автомобили,
патувања и други стоки), наменско користење на готовината што се чува во НБРСМ, план за пренамена на средства во рамки на едно министерство и помеѓу министерства, пренамена по програми (на пример, пренамена на средства за иновации во ликвидносни пакети за компании и граѓани); и план за задолжување.
Според нив Народната банка на Северна Македонија веднаш да пристапи кон значајно
намалување на референтната каматна стапка до нула отсто, со оглед дека инфлациски притисоци не постојат (со исклучок кај селектирани производи), а девизниот пазар е стабилен.
Оценуваат дека целосно релаксирана монетарна политика ќе создаде простор Министерството за финансии да се задолжи кај домашните банки со краткорочен заем со каматна стапка блиска до нула. Со ваков потег, централната банка ќе испрати и сигнал дека нема да дозволи ликвидносната позиција во финансискиот систем да се наруши.
Во бриф политиката истакнуваат дека за ефектите од ширењето на коронавирусот за нашата економија би требало да се движат во неколку последователни сценарија: kраткотраен и секторски шок, главно врз директнопогодените сектори. Наведуваат дека поради намалениот обем на работа (поради нарушените синџири на понуда и поради значајно намалената побарувачка), нарушената ликвидност е прв сериозен ризик. Потоа, додаваат тоа го зголемува ризикот од отпуштање работници (првенствено тие со краткорочни договори), намалување на работните часови и на платата. Овие работници ќе мора да ја прилагодат својата потрошувачка на пониската плата, што ќе значи понатамошен пад на побарувачката.
Finance Thin во бриф политиката посочува на прелевање на шокот врз другите сектори, поради
понатамошно ширење на ефектот од прекинатите синџири на снабдување, општа намалена побарувачка и намалена ликвидност, потоа од затворањето на границите и забраните и укажувањата за намалено патување и понатамошни нарушувања на производството, особено во смисла тоа да не може брзо и лесно да се рестартира, како резултат на неможност лесно да се набават инпути и репроматеријали, или истите се со значајно повисока цена. скс/сп/