Утрински Весник
Магазин

Финалистката на Мис Универзум, Сиена Вир, почина на 23 години

Австралиската финалистка за Мис Универзум им подлегна на повредите со кои се здоби во несреќа при јавање, поради кои неколку недели беше на апарати за одржување во живот.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила на 2 април во „Виндзор поло граунд“, Австралија кога Вир јавала на својот коњ. Веднаш по падот, била итно пренесена во болницата Вестмид во критична состојба.

Не се знае точно како се случила несреќата. Некои медиуми објавија дека коњот се сопнал и паднал.

На социјалните мрежи многу нејзини пријатели и колеги се збогуваа со емотивни пораки.

„Се сакавме со љубов која беше повеќе од љубов“, напиша нејзиниот партнер Том Бул.

Една пријателка напиша: „Рајот го доби најубавиот ангел денес. Ќе ми недостига сè за тебе. Сиена, те сакам“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста