Утрински Весник
Македонија

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара

Img 8862.jpeg

Вечерва во центарот на Гостивар, во близина на црквата, се случил филмски грабеж во кој, според првичните информации, ограбена е златара од страна на неколку вооружени лица.

Како што дознава Инфомакс, разбојниците биле вооружени со автоматско оружје – калашникови, а за време на бегството фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на градот за да ја спречат полицијата да ги следи.


На местото на инцидентот веднаш пристигнала полицијата и е во тек интензивна потрага по сторителите.

Засега нема информации за повредени лица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села

ВЛЕН: Граѓаните имаат право да знаат дали јавниот интерес бил жртвуван за бизнис и партиски интереси на ДУИ

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски