Утрински Весник
Магазин

Филмовите „Спајдерверзум“ се најдобри екранизации на стрипови во историјата

Филмовите „Спајдерверзум“ се најдобри екранизации на стрипови во историјата

Новиот Spider-Man: Across the Spider-Verse (Човек-пајак: Ширум пајак-вселената“) се одвива во прилично поинаков филмски пејзаж од неговиот претходник Spider-Man: Into the Spider-Verse од пред пет години.

dobivaj vesti na viber

За неупатените, анимираната серија го замислува својот централен херој Мајлс Моралес како да постои во ‘мултиверзум’ на светови, во кој владеат различни инкарнации на човекот-пајак.

Мултиверзумот сè уште беше новина во 2018 година, но концептот подоцна стана истрошен во филмовите за суперхерои, особено во тие од филмскиот универзум на „Марвел“. Тие ја научија погрешната лекција од првиот анимиран филм за Спајдермен, чиј вистински шарм не е во мултиверзумите полни со нови можности за франшиза со различни ликови и инкарнации на ликови кои можат да се спарат по желба, пишува Би-би-си.

Вистинската привлечност на спајдерврзумот лежи во неговото прифаќање на визуелно ексцентричните суперхеројски стрипови. Во спајдерверзумот, мултиверзумот пред сè значи можност да се прекршат некои правила, а не да се усогласат со формулата.

Првиот филм се истакна по начинот на кој режисерите Питер Ремзи, Родни Ротман и Боб Персичети го натераа својот тим да го наслика светот на Мајлс во нов стил. Таквото, често носталгично, евоцирање на овие елементи им овозможи на гледачите да почувстваат дека Мајлс Моралес, релативно нов лик во стриповите на „Марвел“, отсекогаш бил таму, легендарен како и самиот Питер Паркер.

Според Би-би-си, најновиот Across the Spider-Verse ја проширува својата палета со која ја одразува важноста на уметноста на стрипот користејќи го своето калеидоскопско патување до различни универзуми во мултиверзумот за да отиде понатаму од првиот филм. Тој додава нови и специфични посвети на методите на различни уметници.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста