Утрински Весник
Магазин

Филмови што најбргу достигнаа 1 милијарда долари на киноблагајните

Филмови што најбргу достигнаа 1 милијарда долари на киноблагајните

Филмот „Барби“ за три недели заработи милијарда долари и така ѝ се придружи на листата филмови што успеале да заработат милијарда долари во првите неколку недели по премиерата.

dobivaj vesti na viber

Хит комедијата – во која Маргот Роби ја има насловната улога, наспроти Рајан Гослинг како Кен – ја зацврсти својата позиција како хит-филм на летото откога го надмина прагот од 1 милијарда долари за помалку од три недели, со што стана еден од најуспешните на сите времиња.

Иако филмот бележи феноменален успех на киноблагајните за краток временски период, всушност е далеку од тоа дека најбргу го постигнал тој подвиг. Подолу е списокот на филмови што најрано го преминале прагот по нивното прво прикажување, во опаѓачки редослед, според бројките што ги собраа „Вараети“ и „Дедлајн“.

Најбрзи преку границата од 1 милијарда долари:

„Аватар“ (2009) – 19 дена

„Кралот Лав“ (2019) – 19 дена
„Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“ (2017) – 19 дена

„Судбината на бесните (2017) – 18 дена

„Барби“ (2023) – 17 дена

„Бесни 7“ (2015) – 17 дена
„Аватар: Патот на водата“ (2022) – 14 дена
„Светот Јура“ (2015) – 13 дена
Човек-пајак: Далеку од дома“ (2021) – 12 дена

„Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015) – 12 дена

„Одмаздници: бесконечна војна“ (2018) – 11 дена

„Одмаздници: Крај на играта“ (2019) – 5 дена

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста