
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес конференција се осврна и на Реформската агенда и законите кои се подготвени или се во финална фаза на усвојување во изминатите 10 месеци.
Подготвени се:
-Предлог Закон за судски совет
-Предлог Закон за јавно обвинителство
– Предлог Закон за платите на јавните обвинители
-Кривичен законик
-Предлог Закон за кривична постапка
-Предлог Законот за судска служба
Во план и подготовка се и:
- Предлог Законот за судски буџет
- Предлог Законот за Советот на јавни обвинители
- Предлог Законот за јавнообвинителска служба
- Измени на Изборниот законик, со поддршка на ОДИХР.
- Закони со кои се регулираат платите на судиите, јавните обвинители, и јавно обвинителската служба
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Закон за помилување
- Закон за вештачење
- Закон за нотаријат
- Закон за извршување
- Закон за пробација
- Закон за извршување на санкции
- Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка
- Закон за заштита на лични податоци
,,Реформската агенда има рокови до кои законот треба да биде донесен од Собранието. Од друга страна, Годишната програма на Владата опфаќа поранешна фаза — кога законот треба да биде доставен до ЕНЕР или до Владата.
Во просек, собраниската постапка трае два месеца. Кај одредени закони, постојат надворешни фактори.
Изборниот законик, на пример, бара широк политички консензус,”рече министерот за правда Игор Филков.
Министерот порача дека се оди на квалитетни измени и законски решенија во интерес на граѓаните, не како што досега била праксата да се носат во интерес на поединци или какви било интересни групи кои што во минатото ги носеле измените на штета на граѓаните ,на начини на кои што сите ги знаеме.
,,Законите се тука, подготвени, доставени, транспарентно објавени. Ние нема да дозволиме реформите да бидат жртва на дневна политика или бирократска инертност. Затоа ќе повторам: реформите не се желба, туку одговорност. И Министерството за правда таа одговорност ја носи до крај”,потенцира министерот за правда Игор Филков.