Утрински Весник
Македонија

Филков: Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1 септември

Filkov Gir 800x533 1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда Игор Филков иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување  на нотарската тарифа којашто  беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога. Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за непримена на донесената одлука.

Според него, пред да се направат измени од ваков обем кои дирекно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата.

,,Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или покапувањето е минимално.Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени. Секоја одлука што дирекно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи  на широка дебата, односно пред да донесенеме каква било  измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира”,рече на денешната прес конференција, министерот за правда Игор Филков.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе