
Министерот за правда Игор Филков говорејќи за Извештајот на ЕК за напредокот на државата на прашањето упатено од пратеничката Дијана Тоска од Европски фронт рече дека Министерството за правда во изминатите месеци има подготвено повеќе од 20 закони.
,,Пред да се навратиме на прашање би сакал да ја потсетам целокупната јавност дека кога говориме за реформскиот процес тоа е нешто што претходната Влада го прифати без разговарање за датумите во последната година од својот мандат затоа што знаеше, односно мислеше дека откако ќе ги изгуби изборите никој нема да успее за толку кратко време да ги донесе сите суштински реформи и државата да ја придвижи напред.
Да говориме со факти и со бројки. Законот за судски совет ја помина владината процедура.
Во владина процедура се:
– Закон за платите на судиите. Трагично е што дискусијата ја сведувате само на пари, оние исти пари кои што пред некој ден од нашите стратешки партнери, оние огромни суми од половина милијарда долари кои што се вложени во судство а вие ништо не направивте додека бевте на власт.
-Закон за платите на јавните обвинители
-Закон за платите на членовите на Судски совет на Република Северна Македонија
-Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија
-Законот за судска служба
-Законот за јавнообвинителска служба”, потенцира Филков.
Филков информираше дека во финална фаза се Законот за јавно обвинителство, Законот за Советот на јавни обвинители, Кривичен законик, Закон за кривична постапка ,Закон за судски буџет, Закон за судови ,Закон за Академија за судии и јавни обвинители.
,,Бидејќи наследивме хаос и ова не беа единствените закони кои требаше да ги адресираме во изминатите месеци , МП низ отворен и транспарентен процес работеше и на следните закони.
Во владина процедура се: Закон за спречување на корупција и судир на интереси,Закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи, Закон за парнична постапка,Закон за вештачење,Закон за процена,Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во финална фаза на подготовка се: Закон за заштита на лични податоци, Закон за пробација, Закон за извршување на санкции, Закон за помилување, Закон за здруженија и фондации”,истакна Филков.

