Утрински Весник
Економија

Филипините го рекламираа туризмот со снимки од други земји

Филипините го рекламираа туризмот со снимки од други земји

Рекламна агенција од Филипини се извини што користела снимки од други земји во промотивно туристичко видео, јавува Би-Би-Си. Во кампањата се користени снимки од Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата DDB Филипини се извини за „несреќниот превид“. Филипинската секретарка за туризам, Кристина Гарсија Фраско, рече дека не биле искористени јавни средства за правење на видеото.

Фраско рече дека Министерството за туризам постојано барало потврда од рекламната агенција DDB Philippines дека материјалите што се користат во видеото се нивни и оригинални. Според неа, „во сите овие прилики DDB постојано уверувала дека оригиналноста и сопственоста на сите материјали се во ред“.

Спорното видео е направено како дел од кампањата „Love the Philippines“ вредна 900.000 долари, која беше лансирана кон крајот на јуни. Употребата на снимки од други земји првпат беше откриена со анализа на француската новинска агенција АФП и филипинскиот блогер Сас Рогандо Сасота.

Министерката најави дека нејзиниот оддел ќе се погрижи DDB Philippines да ја преземе одговорноста за видеото. DDB Philippines се извини за користењето странски видеа во овој случај.

„Употребата на странски снимки во кампања за промовирање на Филипините е крајно несоодветна и контрадикторна со целите“, призна агенцијата. Видеото оттогаш е отстрането.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk