Утрински Весник
Македонија

Филипче за католички Божиќ: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех

Venko 1.jpg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.

„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!”, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.


Можете да прочитате

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

По трагедијата во Кавадарци – Oбвинителството бара притвор за тројца напаѓачи