Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните, кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање

Fdwc8 Zxoaqi2wb.jpeg

Екс министерот за здравство, сегашен пратеник и кандидат за прв човек на СДСМ, Венко Филипче, се јави со реакција по повод изгласувањето на Законот со кој се зголемија министерствата во новата Влада, откако ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка и од пратениците на ДУИ.

„Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа. Надежта никогаш пократко не траела.

Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме.

Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта.

Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие.

Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катастрофа“, напиша Филипче.

Можете да прочитате

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција

Авион од Дубаи со евакуирани македонски државјани слета во Скопје

Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале во десет пријави за насилство кај Јовановски