Утрински Весник
Македонија

Филипче во работна посета на Брисел

Venko Rse Intrevju1 Scaled.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска 7.4.2025 година (понеделник) во Брисел, ќе учествува на конференција на Социјалистите и Демократите на тема „Започнување на Програмата на С&Д ,,Вили Брант” за проширување на ЕУ”.

Во рамки на конференцијата, претседателот Филипче денеска во 17:15 часот, ќе има свое обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ”, која што ќе ја води европратеникот и известувач на ЕП за Србија,  Тонино Пицула.


На конференцијата ќе учествуваат вицепремиери и министри за ЕУ интеграции од Украина, Молдавија, Албанија, пратеници, како и претседатели на социјалдемократските партии од Србија и Црна Гора.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат