Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ пред изборите создаде психоза, треба да се провери дали кампањата е финансирана од домашни или странски извори

Filipce.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ВМРО-ДПМНЕ во кампањата на последните избори создаде колективна психоза за многу прашања и треба да се анализира како била смислена таа кампања, кој ја финансирал и дали финансирањето е само од домашни или можеби е и од странски извори, порача пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче во поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ едно зборувала тогаш како опозиција, а друго прави денес како власт.


„Сега излезе дека Бехтел и Енка не бил криминален проект. Тоа е стратешки проект од важност и единствениот проект кој ја движи економијата. Ништо друго во државата не се случува, се друго стои. И инвестициите странски се од наше време, овие сега што се како Магна итн…Е сега нели требаше да се деклассифицира договорот со Бехтел и Енка, зошто не го декласифицираат? Еве, сега може да го направат. Не ли беше надзорот фирма за чорапите? Сега си продолжуваат со истиот надзор. Нели ќе го враќаа името?“ вели Филипче. 

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви