Утрински Весник
Македонија

Филипче: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

Venko sdsm in sp 1.jpeg

Владата нема желба да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, ниту во однос на мерки за намалување на цените, ниту во однос на зголемување на платите, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, интервју за Слободен печат. 

Филипче потсети дека ВМРО ДПМНЕ пред да дојде на власт ветуваше подобар живот и стандард за граѓаните, но ништо не исполни.


“Тоа беа ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. Така дојдоа тие на власт. Имаше ветување за подобрување на стандардот. Што се случи? Ништо. Платите не растат. Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси, големите фабрики, големите трговци. Дека се договорени со газдите на големите маркети и нема контрола на цените. Дека се договорени со големите винарии и дека нема доволни цени за откуп на грозјето. Дека се договорени со газдите на сите големи фабрики и нема раст на платите, затоа што тоа ним не им одговара”, рече Филипче. 

Тој додаде дека владата има механизами за да ги стави под контрола цените и да го подобри животниот стандард на граѓаните, како што тоа го правеше СДСМ и во најголемите кризи.

„Во ковид кризата и во енергетската криза цените на струјата и гасот беа неколку кратно зголемени последните години од нашата влада, споредено со сега. Но,  инфлацијата беше под контрола и платите континуирано растеа. Имаше раст на платите за време на тие кризи, а сега, во мирнодопски услови, нема раст на платите. Имаше укинување, намалување на ДДВ за струјата, на основните прехранбени продукти. Ние сме покажале како се работи за доброто на државата. А зошто владата не ги употреби  тие мерки? Тој е прашање за владата “, рече Филипче. 

Во интервјуто Филипче нагласи дека власта не прифаќа ниту еден предлог на СДСМ и покрај тоа што се работи за предлози кои што одговараат на реалните потреби на граѓаните.

„Ние сега дававме предлог за минималната плата да порасне на 30.000 денари, односно 500 евра, и владата не излегува во пресрет. Мислам дека не станува збор за тоа дали и кои мерки ќе се имплементираат. Станува збор за желбата на владата тоа да го направи. Едноставно, нема желба да излезе во пресрет на барањето и потребите на граѓаните”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе имаме вин-вин решение

Власта ги излажа студентите, СДСМ бара зголемување на 160 денари за студентски оброк

Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив