Утрински Весник
Македонија

Филипче: Влада која не покачува плати е влада која не се  грижи за луѓето!

Sredbi Filipce Image 2024 08 28 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Резочараноста на граѓаните од владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е големо и присутно низ целата земја, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше каде што беше во посета.

-Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за  прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите  сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се  грижи за луѓето, рече Филипче.

Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ во време на најголема здравствена и економска успеаваше да ги покачува платите и да покаже вистинска грижа за работниците.  

-Христијан Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска Владата.,рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање