Утрински Весник
Македонија

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци

Venko.jpg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната и католичката вероисповед.  Филипче во честитката порача дека денешниот празник дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.

„На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово – Велигден. Нека овој ден донесе многу здравје, среќа и хармонија во секој дом. 


Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа. Токму овие вредности се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност.

Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу. На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон подобра иднина.

Христос воскресна, навистина воскресна, за многу години Велигден”, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

МНР со апел до македонските граѓани да избегнуваат патувања кон Блискиот Исток

Таравари: Разочаран сум што ВРЕДИ од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Отпад гореше во близина на Куманово, црн чад го прекри градот