Утрински Весник
Македонија

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество

Venko sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната вероисповед. Филипче во честитката порача дека Велигден како празник што ја симболизира победата на животот над смртта, носи силна порака – и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.


„На сите верници од православната вероисповед им го честитам денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден. 

Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.

Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.

Христос Воскресна, навистина Воскресна! За многу години Велигден”, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Малолетник со нож повредил друг малолетник во игротека во Шуто Оризари

Уапсени четири разбојници, ограбиле малолетници во Градски парк

ПРОЛЕТНО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ: Новата седмица ни носи облаци, дожд и грмежи