Утрински Весник
Македонија

Филипче: Укинувањето на балансерот е уште една голема лага на Мицкоски и Димитриевски

1 7 1 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Укинувањето на балансерот еуште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на ЗНАМ, изјави денеска во Струмица претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска најавите за укинување на балансерот.

„Тоа е една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на ЗНАМ и на Максим Димитриевски. За жал клекнаа на колена и го погазија даденото ветување. Тоа беше навистина една голема лага за време на кампањата, т.н. „Горда Македонија”, во која што ќе ги кратеа правата, функциите и инструментите кои што ги имаат Албанците. Со таа силна кампања тие добија огромна поддршка и дојдоа на власт”, изјави претседателот на СДСМ, Филипче, додавајќи дека  сега кога луѓето ја сфаќаат вистината, кога  ВМРО ДПМНЕ и  ЗНАМ ги газат сите свои ветувања, луѓето се чувствуваат понижени и разочарани, затоа што сфаќаат дека биле излажани.

Можете да прочитате

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

ЕВН за 24 Инфо: Дефектот во Серава последица на кражби на струја, денеска блокирана улицата Пластичарска