Утрински Весник
Скопје

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

Sdsm filipce aerodrom 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денес од Аеродром упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината.


„Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски”, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од граѓаните, но и потребниот капацитет и искуство.

Според него, Трајановски се издвојува како сериозен кандидат кој веќе на терен покажал дека знае како да ја води општината и понудил реални решенија за нивните проблеми.

„Покажа со своето однесување, со својата работа на терен и со контактите со луѓето дека има капацитет да ја води општината. Во секој аспект и од секој агол, тој е неколкукратно подобар од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ”, нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелниот градоначалник не понудил отчет за тоа зошто не е реализирана ниту петтина од предизборната програма, што, како што рече, е сигнал дека Аеродром може и мора подобро.

„Човекот нема одговор на тоа зошто не е исполнето ниту 20% од неговата програма. Сметам дека Аеродром заслужува многу повеќе од тоа”, додаде Филипче, упатувајќи апел до жителите да направат промена.

Можете да прочитате

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Трајановски: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат