Утрински Весник
Македонија

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот

Zrnovczi8.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, да се избориме за иднината на нашите деца и да го вратиме Зрновци на патот на развојот”, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом” во Зрновци.

Филипче нагласи дека Зрновци заслужува повеќе и подобро, СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ванчо Митев, нудат план за реален развој на општината, со подобар квалитет на водата за пиење, изградба на мини брана на реката Зрновка, стационар за кучиња, уредување на кејот и пешачки зони, мерки за младите и инвестиции во образованието.


„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Зрновци, предводена од Борчо Коцев, четири години ветуваше многу, а не реализира ниту еден значаен проект. Нема подобрување на социјалната инфраструктура, нема развој на туризмот, водоводната мрежа е дотраена, го нема ветениот комплекс за млади, ниту пречистителна станица”, рече Филипче, додавајќи дека Ванчо влезе во борбата за Зрновци, затоа што знае дека заедно со советниците од СДСМ, може да ја промени оваа тажна слика.

Филипче нагласи дека СДСМ е подготвен е да го прекине уништувањето на општините и државата, да го зачува сработеното и да продолжи со создавање услови за достоинствен живот за сите.

„Ние се бориме за локална власт што ќе биде сервис, а не трофеј. За глас што штити, а не што се злоупотребува. На претстојните избори на 19 октомври, граѓаните имаат можност да ја испратат пораката доста е! – државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето”, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир во Зрновци.

Можете да прочитате

Андоновски: Дигиталната трансформација носи помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција

Сиљановска – Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните

Измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација го минаа комисискиот филтер