Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

Venko sdsm 1.jpeg

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

„СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.


За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.

Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна ништо повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневна политика исто како што тоа го прави со сите други сериозни национални прашања.

Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е како да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Добро е што веќе никој не им верува на овие потрошени стратегии од времето на Никола Груевски, кои сега се рециклираат во услови кога Владата нема никаков резултат.” стои во објавата.


Можете да прочитате

Шумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра

Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни

(фото+видео) Граѓаните алармираат: Вардариште предизвикува астми и гушења кај децата