Утрински Весник
Македонија

Филипче: Резолуцијата е договор со народот, заедничка борба за одбрана на Македонија!

Venko f sdsm pres 3.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција по состанок со опозициските партии рече дека сите партии од коалицијата на СДСМ даваат целосна поддршка за Резолуцијата.

„Сите ја поддржаа предлог Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози. И ова е силна порака кога сме заедно, можеме многу повеќе, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека стаува збор договор со народот, заедничка борба за Македонија.

„Резолуцијата не е партиско решење, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање. Ова е практично договор со народот на Македонија.„ рече Филипче.

Претседателот Филипче нагласи дека политичката и општествената акција ќе продолжи, со ширење на платформата преку граѓанскиот сектор, младите, синдикатите и сите демократски сили.

„Политичката и општествена организација и акција којашто ја започнавме продолжува и понатаму. Оваа платформа ќе се шири со претставници на граѓанскиот сектор, на младите, на синдикатите, на сите демократски сили, на студентите, со една, единствена цел. Одбрана на државата, на демократијата и на безбедноста на граѓаните.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Милошоски индиректно го прозва и премиерот – Во Правда се држи несоодветен кадар, ЗНАМ реагира

Донесена одлука за украсување на Тетово

Гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија треба да биде готов до крајот на 2027 година