Утрински Весник
Македонија

Филипче: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Venko filipche.jpeg

Филипче за протестите на ДУИ денеска испрати јасна порака. Нагласи дека правото на протест е уставно загарантирано. Но предупреди дека тоа право не смее да се користи за политички манипулации.

– Правото на протест е основно демократско право, но апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува во политички цели, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања при чествувањето на 122 години од смртта на Гоце Делчев.


Покрај ставот за протестите, Филипче откри детали за тековните подготовки за локалните избори. Процесот за избор на кандидати е во напредна фаза, а дел од имињата – меѓу кои и актуелни градоначалници – веќе се познати.

– До крајот на јуни очекуваме целиот процес да биде завршен. Ќе ги промовираме најдобрите кандидати од сите општини – луѓе со кредибилитет, капацитет и јасна визија за развој, додаде тој.

Воедно, во СДСМ активно се работи и на градење сојузи за претстојниот изборен циклус. Разговорите со потенцијалните коалициски партнери се во различни фази: некои преговори се при крај, некои се во тек, а трети сè уште не се започнати.

– Целта е јасна – стабилни и вредносни коалиции за успех на изборите, истакна Филипче.

Извор: Миа

Можете да прочитате

Почина поранешниот министер и пратеник Самка Ибраимовски

Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Клековски: Прашањето не е само дали, туку како безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест