Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Venko sdsm gocze delchev 4.jpeg

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска, по повод 122 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи, пораки и вредности се живи и актуелни и после еден век подоцна.

MK Summit

„Фасцинантно е како денеска, повеќе од 1 век од времето во кое живеел и делувал нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, неговите пораки се актуелни,” изјави Филипче.


Тој потенцираше дека дел од визиите на Делчев денес звучат дури и поактуелно отколку во неговото време, и дека тоа е јасен сигнал дека како општество сè уште имаме многу работа пред себе.

„Тоа е само знак и сигнал дека треба уште многу напорно да работиме, да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија.”

Во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, Филипче повика на враќање кон суштинските вредности што ги промовирал Делчев – единство, заедништво, културен натпревар и градење на национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

„Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација – ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности.” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Утре средба Мицкоски-Таравари – 24info.mk

Температурен шок од следната недела на Балканот: Следува подолг период на променливо време

Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани од над 300 спортисти