Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори

Venko sdsm sala.jpeg
Img 7972

СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија – како за редовните локални избори, така и за евентуални предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Како што информираше, процесите во рамките на партијата во поглед на локалните избори веќе се во тек – се спроведуваат внатрепартиски анкети во повеќе општини, се одвиваат разговори на различни нивоа, и околу десетина кандидати за градоначалници ќе бидат промовирани во текот на следната недела.


Коалицијата предводена од СДСМ, во која учествуваат 14-15 партии, начелно ќе настапи заеднички на локалните избори. Разговорите за советничките листи се започнати, иако не во сите општини со иста динамика, имајќи предвид дека во одредени општини партиите ќе настапуваат самостојно. Но, останува определбата за заеднички настап како коалиција“, истакна Филипче.

Паралелно, додаде, започнати се и првични иницијативи за разговори со потенцијални албански коалициски партнери.

Филипче истакна дека СДСМ останува отворен за разговори со сите политички субјекти и е целосно подготвен да одговори на секој можен политички развој во наредниот период.

Можете да прочитате

Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило – Од 1.502 сообраќајни прекршоци 958 за брз возење

Почина 23-годишниот Христијан Сребреновски, за кого се собираа средства за лекување

Го нападнале тројца и му го оштетиле автомобилот – Скопјанец настрадал на паркинг во Карпош