Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

Tetovo sdsm 1 6.jpeg
300x250 opst2

„Од авион се гледа дека власта свесно го кочи реформскиот процес во судството”, рече вечерва пред тетовчани на граѓанска трибина, претседателот на СДСМ Венко Филипче. Зборувајќи за судството напомена дека власта е нервозна затоа што е свесна за неуспехот од неподнесувањето на ниту еден закон во собранието.

„Оваа власт е свесна за своите неуспеси, и затоа сите се многу нервозни. Од што нема со што да се пофалат, единствено нешто им остануваат се само спиновите. Го слушам Мицкоски на митинзите зборува за некаков „ресет на системот”, а всушност тој е тој што само бара изговори да не ја спроведе вистинска реформата во судството. Од авион се гледа дека оваа влада свесно го кочи реформскиот процес. Единствената цел на премиерот е да поставува свои судии и обвинители затоа ниту еден реформски закон не е поднесен во собранието”, рече Филипче.


Претседателот Филипче ги повика граѓаните во Тетово да не молчат пред неправдата туку да ја земат иднината во своите раце. На 19 октомври да излезат и да направат промени, да се изборат за држава која не е ничива сопственост туку заеднички дом со правила кои важат за сите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат