Утрински Весник
Македонија

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството – нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Filipce karbinci zemjodelci 3.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Денеска сме во посета на општина Карбинци каде што разговараме со земјоделците од сите од сите сфери на земјоделството. Едноставно нема некој дел од земјоделството а да нема проблем. Ваков колапс на системот до сега во изминатите 30 и повеќе години во државата немало.


Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат.

Прво зголемени трошоци за производство, цени на ѓубриво, на вода, на работна рака, неисчистени канали, земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кој што е поставен и кој што е поврзан со системот на а езерото Калиманци. Понатаму, немање доволна сума на пари за субвенции. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра, освен што е намалена не се исплаќаат,, субвенциите доцнат. И тоа важи исто така за секој сектор во земјоделието како за производство на тутун, како за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз.

Ланската година го видовме, сега оваа година повторно исто ќе биде со лозарите. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Освен што се ниски субвенциите, освен што се доцни со исплата на субвенциите, откупните цени се страшно ниски. На млекото откупната цена е намалена за 30% од 36 на 23/24 денари. На оризот практично преполовена под 20 денари. А ниту оризo производителите, ниту производителите на млеко немаат каде да го пласираат своето производство. Едноставно откупните центри се фокусирани затоа што тоа државата им го дозволува да купуваат евтини репро материјали од странство и на тој начин никако не се штити домашното производство.

Значи ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци за производство, намалени субвенции, каснење на субвенциите, намалени откупни цени и немање откуп. Јас мислам дека оваа ситуација единствено нешто во однос на млекопроизводителите со што може да заврши, поради тоа што ќе останат тони и тони млеко кое што нема кај да се пласира, а државата не води сметка да им помогне на луѓето, едноставно да го истурат на улиците.

Можете да прочитате

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“

Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови

Приведени 24 возачи, 17 лица возеле без дозвола, од кои 4 малолетници