Утрински Весник
Македонија

Филипче: Новите директори во болниците ги заплашуваат вработените да не зборуваат за проблемите во здравството

Venko Filipce 696x463 1.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше актуелната власт дека не ги исполнила ветувањата за деполитизација и департизација, оценувајќи дека реалноста е сосема спротивна од предизборната реторика.

,,ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт со големи ветувања за деполитизација, врши брутална окупација на институциите. Наместо компетентност, на чело на клучните институции гледаме партиски кадри, братучеди и роднини. Системот за заслуги на Мицкоски е всушност партиска книшка како главна квалификација за секое вработување“, рече Филипче.


Потенцира дека состојбата е алармантна и во здравството и образованието.

„Болниците се преполни со основни медицински материјали, листите на чекање се долги, а новоименуваните директори ги заплашуваат здравствените работници да не зборуваат за проблемите. Во образованието гледаме закони кои го намалуваат квалитетот на наставата и ги ограничуваат правата на учениците со посебни потреби“, додаде тој.

Според Филипче, јасно е дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ останале само празни зборови.

„Кампањата што ја спроведоа се базираше на лаги, а граѓаните веќе почнаа да ја чувствуваат тежината на овие лаги. Ако владата продолжи со истите политики и во 2025 година, состојбата само ќе се влошува“, нагласи Филипче.

Можете да прочитате

Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Мерко денеска цел ден во судница – закажани четири судења против струшкиот градоначалник

МОН со честитка за Меѓународниот ден на образованието: Да создадеме здрав и квалитетен воспитно-образовен систем