Утрински Весник
Македонија

Филипче на промоција на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица

Filipce.jpg

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ќе присуствува на промоцијата на нови електрични автобуси за градски превоз во Струмица.

Како што информира СДСМ, настанот ќе се одржи на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица со почеток во 12 часот, по што предвидено е Филипче да даде изјава за медиумите.

 Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, претходно во кругот на Аутомакедонија во Скопје рече дека Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор.

 Првиот месец, додека трае тест периодот возењето во градскиот превоз ќе биде бесплатно.

Во сообраќај ќе бидат пуштени 10 електрични автобуси, набавени на лизинг, за коишто општината ќе плати седум милиони евра

Можете да прочитате

МВР уапси 16 лица затоа што кај нив била најдена дрога

СДСМ: Македонскиот идентитет е зачуван – Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата

Оружје, експлозив и муниција најдени во домот на скопјанец, поведена истрага