Утрински Весник
Македонија

Филипче најави петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа!

Venko filipche sdsm pres 3.jpg

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ја најави првата сериозна граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата.

Филипче истакна дека е време да се крене гласот на народот и најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на Владата.

„Мора да кажеме одлучно не. Ги повикувам граѓаните да нè поддржат да нè подржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на т.н. патриотска влада на ВМРО ДПМНЕ”, порача Филипче, прашувајќи дали цената за кредитот од 6 милијарди евра е токму прифаќање мигранти во Македонија, одлука што, според него, ќе ја плаќаат генерации во децениите што следат.

Тој нагласи дека Македонија не смее да дозволи да стане периферија на Европа и предупреди дека доколку Владата го игнорира ова предупредување, ќе следат уште посилни чекори во интерес на заштита на државата, безбедноста и иднината на македонските граѓани.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=nPiBrEd84AU

Можете да прочитате

Кривични пријави за 11 лица поради управување возило без дозвола

Кон Македонија се приближува нов бран на врнежи, обилни во западните предели

Обвинителството го повлече обвинението против Цветан Панделески во „Империја“